БИТФЕСТ 2013 „МУЗИЧКО ВИНОЖИТО„ – ДЕТСКИ ХОР „ЅВОНЧИЊА“

БИТФЕСТ 2013 „МУЗИЧКО ВИНОЖИТО„ – ДЕТСКИ ХОР „ЅВОНЧИЊА“

Во концертната сала на Завод и Музеј, , разиграни и распеани дечиња на детскиот хор „Ѕвончиња“ низ програма од различен стил и жанр направија вистинско музичко виножито.
Хорот „Ѕвончиња“ постои од 2006 та година под раководство на Марина Коруновска, а за изминатиот период во хорот поминале многу голем број на мали, а големи пејачи, кои ја претставувале Битола и Македонија низ светот и добиле бројни награди во Италија, Русија, Бугарија, Словенија, Малта, Украина, Србија, Романија…Хорот е поделен во 4 возрасни групи и тоа : Ѕвончиња 1 од 3 до 5 години, Ѕвончиња 2 од 6 – 7 години, Ѕвончиња3 од 8 – 12 години и секако најголемата вокална група Мелодиум…Имаат издадено 4 ЦД – „Приказна за мојот град“, „Звуците на Европа“, „Новогодишна желба“ и „Еден Велигден“. Веќе се познати во цела Македонија, а нивната песна се слушна во Словенија и Италија.
Дека Битола има огромни таленти кои детскиот хор Ѕвончиња ги негува и насочува се слушна и низ италијанската канцонета FUNICULI FUNICULA во изведба на Јована Котевска и Мартина Најдовска…и пијано придружба од професоркатаАлександра Јанковска Момировска.
Оваа исклучителна вечер продолжи со дело на генијалниот композитор Росини, звуцитте на Исак Албениз – Астуриас во изведба на Лука Тошев и се разбира прекрасните вокали на Дарко Гроздановски и Сашко Пејовски не прошетаа низ музиката на нашиот незаборав Тоше Проески со песните ЉУБЕНА и ЗОШТО ОТИДЕ.
И за крај три прекрасни композиции, кои оставиле белег во своето време…ЧУКНИ ВО ДРВО, ТАМУ КАЈ ШТО СИ, МАКЕДОНИЈА…