„СОЛСТИС -ПРАЗНИК НА МУЗИКАТА“ УВЕРТИРА ВО БИТ ФЕСТ 2013

„СОЛСТИС -ПРАЗНИК НА МУЗИКАТА“ УВЕРТИРА ВО БИТ ФЕСТ 2013

На четири дена пред стартот на најдолгото културно лето БИТ ФЕСТ 2013 Битола заедно со 340 градови во светот од вкупно 110 држави.  го одбележува празникот на музиката. Вечерва од 20.00 до 01.00 часот после полноќ на 8 локации голем број битолчани уживаа во понудата на 11 – то издание на „Солтис“. Низ етно, поп, рок…музика за сите вкусови пренесена преку настапот на градскиот детски хор „Ѕвончиња“, староградската музика со пензионерската пејачка група „Сирма војвода“, „Распеани прилепчани“, „Кабадаја бенд“, OWL NIGHT LONG, DJ Mikar, Dado Trumpet и Zoki Conga,, настапот на „Деспина“, „Калабалак“, Mr.Blues Man, The Government и се разбира исклучителните Фолтин кои го исполнија плоштадот Магнолија со голем број гости, Битола го празнуваше празникот на музиката кој во Франција се слави од 1982 година.

Манифестацијата е во организација на Француската алијанса од Битола во соработка со општина Битола. Годинава, оваа франкофонска традиција во Битола се одржа по единаесетти  пат.
„Солстис – празник на музиката“ е увертира во најдолгото  културно лето „Бит-фест 2013“ и е една од содржините кои претставуваат „загревање“ пред официјалниот почеток на битолското културно лето. Како дел од од овие настани  вечерва во културниот центар Магаза беше отворена изложба на Лилјана Матевска, а во понеделник со почеток во 20.00 часот во Народен театар – Битола премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Дива“ во  Режија на Софија Ристевска.
Осмото издание на БИТ ФЕСТ – битолското културно лето кое се одржува под Покровителство на Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески, оваа година има рекордни 242 содржини, а свеченото отворање е на 25 јуни во античкиот театар Хераклеја, со концерт на Раде Шербеџија и Западни Колодвор Бенд.