Со доделувањето на наградите свечено беше затворено 15 издание на Фестивалот на монодрама Гран при за најдобрата претстава во целост – Гимбел лудиот од И. Б. Сингер, режија и актер Хауард Рип, од Нефеш театар од Израел, признание за најдобар млад актер – Марина Куклина од Киев, Украина, за изведба на претставата Шоша од автор И. Б. Сингер и режија на Андреј Мај.
Едноставен, чеден, поетски, глумачки израз.Специјално признание за најдобар перформанс – Саундтракот на мојот живот, во изведба на Елиас Фајнгерш, Малме, Шведска.
Награда од публика (со поддршка од жири) ја додели Градоначалникот на општина Битола, м-р Владимир Талески, за монодрамата 10 прашања во изведба на Луминица Борца од театар Антон Пан Валчеа, Романија, а во режија на Адонис Филипи.