Реконструкцијата на кровната конструкција на Спортската сала „Младост“ е завршена. Но, грижата за спортската сала продолжува и во идниот период.
„Дојдовме да видиме како се одвиваат активностите на она што го ветивме. Значи, прво направивме една обиколка на она што беше приоритетно и мораше брзо да се заврши. Вие знаете дека минатата зима овде имаше една мала катастрофа затоа што целата кровна конструкција попушти и беше навистина непријатно да се гледаат тие слики, се беше под вода. Општина Битола по првото преземање на спортските објекти си презеде за обврска сето тоа да го санира. Еве денеска гледаме дека се е во ред. Има некои мали технички моменти кои што треба да се дозавршат, тој дел е скоро 100% завршен“, изјави Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески.
Во моментот во тек се активностите со кои малата сала во спортската сала „Младост“ ќе добие нови и подобри услови.
„Активностите веќе се одвиваат, се вади стариот паркет, кровната конструкција исто така е извадена, значи ќе се постави потполно нов кров, потполно нов паркет и се она што е потребно за санирање ќе биде завршено до Нова година. Салата ја подготвуваме, а следната сезона, ќе биде заштитена и целата кровна конструкција, а не само онаму каде што имаше проблеми, изјави Талески.
Двете досегашни интервенции на спортсакта сала „Младост“ се со вредност од околу 2 500 000 денари. Одржувањето на спортската сала и останатите спортски објекти го презеде ЈКП „Комуналец“. Со новиот буџет ќе се отворат нови можности за поголеми интервенции, а од 2013 та година акцентот ќе биде ставен на веќе поставените приоритети во спортот.