Градоначалникот Талески ги прими во својот кабинет тимот кој беше дел од големиот успех на македонската култура на Културната Олимпијада во Лондон. Актерите на претставата Хенри Шести на приемот ги споделуваа своите импресии и ги раскажуваа анегдотите од гостувањето. Градоначалникот на сите им го подари грбот на Општина Битола и најави дека како и досега така и натаму ќе ја имаат поддршката од општината.
Битолчани ќе можат да ја видат претавата викендов, на 18 мај претпремиерата, а на 19 мај премиерата, двете со почеток во 20 часот.