ПРОМОВИРАНА СТРАТЕГИЈАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА СОРАБОТКА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ 2012-2015

ПРОМОВИРАНА СТРАТЕГИЈАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА СОРАБОТКА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ 2012-2015

Во присуство на голем број граѓански организации  беше промовирана Стратегијата за соработка со ГО и негов постојан развој 2012-2015. На настанот зборуваше Градоначалникот Талески  кој го изрази задоволството од досегашната соработка и ги мотивираше ГО за поактивна соработка во делот на европските проекти.
Стратегијата е резултат на повеќемесечната заедничка работа на општина Битола и ГО, процес воден од МЦМС, а финансиски поддржан од ЕУ..