СОПРУГАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МАЈА ИВАНОВА ВО БИТОЛА ЗА КАМПАЊАТА „ ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА“

СОПРУГАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МАЈА ИВАНОВА ВО БИТОЛА ЗА КАМПАЊАТА „ ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА“

Во Битола се одбележаа Деновите на овошје и зеленчук во рамките на кампањата на Министерството за образование „Здрава храна за детство без мана”,  чии покровител на кампањата е  сопругата на претседателот  Маја Иванова.
Настанот го поддржа и Градоначалникот Талески кој го искажа задоволството од  организираната кампања во Општина Битола и вклученоста на училиштата и градинките.
 Со оваа кампања училиштата и градинките спроведуваат различни активности во текот на целата учебната година со кои децата ќе бидат запознаени со важноста на здравата исхрана и воедно ќе бидат поттикнати да конзумираат здрава храна како дел од нивниот секојдневен оброк.