Пред големата новогодишна забава, Маја Оџаклиевска и Драган Мијалковски – кои се дел од новогодишната програма на Општина Битола го посетија градоначалникот Владимир Талески во неговиот кабинет. Средбата беше исполнета со многи духовитост, пријатна атмосфера, многу љубезност и големи очекувања за ноќта што следува. Градоначалникот Талески на своите гости им подари фотографии со стара битолска архитектура, а нивното задоволство беше големо.
„Присуството на овие звучни имиња многу ни значи, бидејќи Битола секогаш се грижи за македонските автори и уметници“, изјави Градоначалникот Талески.
Оваа средба е најава на големата забава која на новогодишната ноќ во Битола ќе и даде посебна магија.