4-ти НОЕМВРИ – ВРАЧУВАЊЕ НА НАГРАДАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА- „БАЛКАНСКИ ЛИДЕР ВО РАВОЈОТ НА КУЛТУРНИОТ ТУРИЗАМ“

4-ти НОЕМВРИ – ВРАЧУВАЊЕ НА НАГРАДАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА- „БАЛКАНСКИ ЛИДЕР ВО РАВОЈОТ НА КУЛТУРНИОТ ТУРИЗАМ“

  Градоначалникот Талески беше домаќин на Балканската алијанса на хотелски асоцијации –БАХА, кои дојдоа да му ја врачат на Градоначалникот  наградата на Општина Битола „Балкански лидер во развојот на културниот туризам“
  Оваа важна одлука асоцијацијата ја донесе по извршената детална анализа, истражувања и исполнување на предвидените стандарди за развој на културниот туризам. Освен Битола, сериозни кандидати за оваа награда беа  Будва од Црна Гора, Мостар од Босна и Херцеговина и Варна од Бугарија, во конкуренција на 10 градови од исто толку држави.