БИТ ФЕСТ 2011 –"Граници без граници" – Изложба на фотографии

БИТ ФЕСТ 2011 –"Граници без граници" – Изложба на фотографии

Општина Битола е реализатор на проектот „Граници без граници“од Европската Унија повик за прекугранична соработка со Р.Албанија.
 
Проектот “Граници без граници” треба да воспостави одржлива прекугранична соработка,со градење нови мостови на комуникација, долгорочни партнерства, вмрежување, размена на податоци,  каде сите ресурси ќе бидат ставени во употреба на пошироката јавност, ќе се изработат промотивни материјали кои ќе им користат на општините во понатамошната нивна промоција..  
Во текот на предвидениот рок за реализација на проектот – 12 месеци ќе се реализираат три работилници:
–         Работилница за фотографија и
–         Работилница за филм во Битола
–         Работилница за ракотворби – во Корча – Албанија
 
 
Изложбата “Граници без граници”, која е дел од БИТ ФЕСТ, всушност го изразува творечкиот опус на овие млади луѓе за време на нивната работа во Битола.  Отворањето на оваа изложба има за цел пошироката јавност да ја запознае со она што претставува заедничко учење и работа на младите луѓе од Корча и Битола, а како потврда за она што го одработиле на младите креативци Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески  им додели сертификати.