Фестивалот Илинденски денови е нов креативен чекор во заштитата на живото егзистирање на традиционалните вредности, фестивалот Илинденски денови го покажа вистинскиот правец кон зачувување и презентирање на народната култура.
Продолжувајќи го континуитетот на традицијата, Центарот за култура Битола, од 29 јули до 1 август 2011 година, го реализира 41 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови”. Традиционално, фестивалот е вдахновен од Свети Илија и се одржува во чест на државниот празник Илинден. Се бележи и како прослава на народниот уметник кој создал бројни дела со бесценета традиционална вредност.
Фестивалот го отвори и поздрави присутните Градоначалникот Талески чие издание оваа година е посветено на јубилејот “20 години независна Македонија”.
Битола, градот домаќин, град со силно изградено чувство за вистински вредности и оваа година ја отвори својата душа за да ги пречека членовите на 32 фолклорни групи и ансамбли од Македонија, Австралија, Мексико, Полска, Романија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција и Турција. Фестивалската програма е конципирана во две вечери на традиционална музика и игра, староградска вечер и интернационална вечер. Особен белег на фестивалот му даваат и придружните манифестации: “Ехо од дамарите”, Семинарот за традиционална музика и игра, фестивалскиот караван со гостувања во Скопје, Демир Хисар и Ресен, дефилето “Со песни иора низ битолските улици и манифестацијата “Оро на Широк Сокак”
Овогодишното издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” Битола ќе се заокружи со концерт на Ансамблот на народни игри и песни на Македонија “Танец” од Скопје.