ПРОДАДЕНИ ПРВИТЕ 19 ПАРЦЕЛИ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „ЖАБЕНИ“ НА ПОВРШИНА ОД 25 ХЕКТАРИ

ПРОДАДЕНИ ПРВИТЕ 19 ПАРЦЕЛИ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „ЖАБЕНИ“ НА ПОВРШИНА ОД 25 ХЕКТАРИ

Градоначалникот Талески одржа прес конференција со средствата за информирање на кој информираше за последната лицитација во ИЗ „Жабени“ на која се продадоа 19 парцели на површина од 25 хектари.
Парцелите ги купија бизнисмени од Македонија, Италија , Грција а се очекува во наредната објава да инвестираат бизнисмени од Германија.
Фирмите кои ќе инвестираат во зоната се од прехрамбената дрвната и текстилната индустрија.
Според условите за градба во зоната ако се оди според предвиденото овие фирми треба да вработат околу 500 лица , со што ќе бидат целосно ослободени од комуналии, поволност која ја дава општината.