Во Битола со свеченост започна стартот на академската година која се одржа на Правниот факултет во Битола.
На студентите им посакаа успешен старт на студиите Ректорот проф. д-р Златко Жоглев и Градоначалникот Владимир Талески.
На најдобрите бруцоши кои се ослободени од плаќање партиципација им беа свечено доделени индексите.
Академската 2010/2011 година, започна за студентите бруциши од сите факултети на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола, а свеченоста се одржа во новите простории во Битола на Правниот факултет од Кичево кој има дисперзирани студии во Битола.