СКАДА СИСТЕМОТ ЗА КОНТРОЛА НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА ПРОМОВИРАН ВО ЈП „ВОДОВОД“

СКАДА СИСТЕМОТ ЗА КОНТРОЛА НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА ПРОМОВИРАН ВО ЈП „ВОДОВОД“

Во присуство на Градоначалникот Талески и директорите на ЈП „Водовод” во филтерницата во село Дихово  беше презентиран новиот систем за целосна контрола на водата во водоводната мрежа на Битола и на 33 околни битолски села.
Со инсталирањето на опремата низ целата водоводна мрежа во Битола и Битолско заврши првата фаза од СКАДА системот. Овој систем треба да овозможи подобро функционирање на водоводниот систем, контрола на загубите на вода и подобри услуги кон граѓаните.
  Ново инсталираниот систем за контрола на функционирањето на водоводната мрежа е вреден 200.000 евра,. Информациите кои ги испраќаат мерните инструменти поставени во водоводниот систем се собираат во еден центар кој се наоѓа во филтер станицата во Дихово.