На плоштадот „Магнолија“ повеќе од 2.000 навивачи на навивачката група “Чкембари“пред битолчани го прославија својот 25 роденден, а на оние кои биле секогаш со нив им доделија благодарници.
На навивачите им се обрати Градоначалникот Талески кој рече дека покрај сите работи кои се случуваат во Битола и по кои таа е позната, не смее и не може да се заобиколи и навивачката група “Чкембари“.