АЕРО-МИТИГ ВО БИТОЛА

АЕРО-МИТИГ ВО БИТОЛА

Третиот по ред аеро-митинг се одржа во организација на АК “Мирко Тодоровски“ на спортскиот аеродром кај село Логоварди, а на него учествуваа околу триесетина летала.

На третиот митинг беше присутен и Градоначалникот Владимир Талески кој нагласи дека: овој аеро-митинг е традиција и значаен за Битола и за регионот и од година во година добива на масовност. Општина Битола  по трет пат го поддржува овој настан.