Градоначалникот Талески ја најави изградбата на новиот Дом за стари лица Сју Рајдер во вредност од 600.000 евра, за целосно осовременување и зголемување на капацитетот на домот според европски стандарди. Новиот дом ќе има апартмански карактер, опремени соби со телефон, сопствен јазол, современа вентилација, греење и ладење. Општината ќе партиципира со 35.000 евра.
]]>