ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО БИТОЛА

ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО БИТОЛА

На пригоден начин беше прославен Денот на пожарникарите а со тоа и 176 години од формирањето на Територијалната противпожарна единица во Битола.
Командирот Константин Поповски истакна дека противпожарната единица се наоѓа во одлична форма и располага со 30 пожарникари а во летниот период се вклучуваат и волонтери. Градоначалникот Талески е задоволен од работата на противпожарната единица и најави нејзини проширување со возила и луѓе во идниот период.
Дел од опремата беше изложена на плоштадот Гоце Делчев за да можат граѓаните подобро да се запознаат со противпожарната единица.