КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „СИСТЕМ И МЕРКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА КЛИЗИШТЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО НАСТАНАТО ОД ЗЕМЈОТРЕСИ И ДРУГИ НЕПОГОДИ“ ПРОЕКТ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА БИТОЛА -ФЛОРИНА

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „СИСТЕМ И МЕРКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА КЛИЗИШТЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО НАСТАНАТО ОД ЗЕМЈОТРЕСИ И ДРУГИ НЕПОГОДИ“ ПРОЕКТ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА БИТОЛА -ФЛОРИНА

Во рамките на прекуграничната соработка INTEREC III се организира  конференција на тема„ Систем и мерки за постапување во случај на клизиште на земјиштето настанато од земјотреси и други непогоди“. На конференцијата присуствуваа Градоначалникот Талески и Градоначалникот на Флорина Папанастасију кои ја отворија конференцијата во насока на добро соседските односи на двата града. На конференцијата зедоа учество претставници од општинската администрација, Заводот за здравствена заштита, Центарот за кризи и спасување.