Лидерски Стандарди

Лидерски Стандарди

 

   Општина Битола е добитник на две награди во рамките на програмата „Етика на локално ниво и лидерски стандарди“ имплементирана од совет на Европа и ЗЕЛС. На завршната конференција беше истакнато дека Битола е најдобра во информирањето на граѓаните во делот на давање услуги за корисниците и севкупно има најдобри капацитети за управување со работата на локалната самоуправа. Наградите се резултат на ригорозна евалуација на работењето на Општината од страна на надворешни експертски тимови составени од градоначалници на други општини експерти и претставници на ЗЕЛС и Совет на Европа.