4 НОЕМВРИ – СВЕЧАНО ОТВАРАЊЕ НА „БИЗНИС ИНКУБАТОР“

4 НОЕМВРИ – СВЕЧАНО ОТВАРАЊЕ НА „БИЗНИС ИНКУБАТОР“

Градоначалникот Талески на свечан начин   го отвори Бизнис инкубаторот сместен во МЗ Велко Влахович кој е прв од ваков вид во регионот. Целта на инкубаторот е да помогне во развојот на малите бизниси преку обука, семинари, изнајмување на канцелариски простор со што ќе се поттикнува претприемништвото во регионот и државата. Инкубаторот е заеднички проект на Општина Битола и Центарот за развој на нови бизниси како и останатите партнери Универзитетот  „Св Климент Охридски“ Битола, Техничкиот факултет, АППРМ, регионалната стопанска комора, Регионалниот центар за поддршка на претприемништвотот,  во соработка со холандската невладина  SPARK А финансиран од  Холандската Влада и Општина Битола.