Градоначалникот Талески заедно со Градоначалникот на Кичево и претставници на општина Струмица и Прилеп оддржа работна средба со Министерот без ресор Неждет Мустафа, координатор на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015.
Целта на средбата беше договарање за реализација на проекти за Ромите во 2009 година во делот на домување, образование, здравство и вработување.
Општина Битола врз основа на изработената Стратегија за Роми 2006-2010 ќе предложи акционен план за 2009 год.