ПРОМОЦИЈА НА 35 ТОМА ОД ЕДИЦИЈАТА „ МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ “

ПРОМОЦИЈА НА 35 ТОМА ОД ЕДИЦИЈАТА „ МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ “

Во НУ Завод и Музеј се одржа промоција на првите 35 тома на македонска книжевност. Книгите се дел од проектот во чии рамки до крајот на годината ќе бидат објавени 130 тома со текстови, дела, критики од нашата книжевна традиција и современост. На промоцијата зборуваа  државниот секретар во Министерството за култура Елизабета Канческа-Милевска, претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Раде Силјан,  Градоначалникот,Владимир Талески и Ивица Боцевски.. На промоцијата присуствуваа повеќемина наши книжевници: Гане Тодоровски, Божин Павловски, Драги Михајловски, Радован Павловски, Светлана Христова-Јоциќ, чие творештво е обработено во томовите. Проектот е по иницијатива на ДПМ, а го поддржа и Владата.