ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЛОКАЛЕН СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЛОКАЛЕН СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

Проектот Локален совет за превенција е проект на МВР, ЗЕЛС и OSCE  а Општина Битола е една од Општините каде ќе се имплементира овој проект. Во присуство на Градоначалникот Владимир Талески, Претседателот на Советот Лилјана Кузмановска, членови на Советот, претставници на СВР Битола,јавното обвинителство, граѓанското општество, верските заедници, државните институции беше презентирана работата на локалниот совет за превенција кој на наредната седница на Советот на Општина Битола ќе се донесе одлука за негово формирање.