Пуштен во употреба далноводот Битола-Лерин

Пуштен во употреба далноводот Битола-Лерин

 

   Во работна посета на Битола беше вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Македонија, Зоран Ставревски, придружуван од вицепремиерот, Живко Јанкуловски, министерката за економија, Вера Рафајловска и министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, на која свечено беше пуштен во употреба далноводот Битола-Лерин долг 35,3 километри.
На свеченоста присуствуваа и градоначалникот Владимир Талески,  високиот претставник од грчкото електростопанство, Евангелос Лекацас заедно со грчкиот конзул Димитри Папандреу, генералниот директор на АД “Мепсо”, Атанаско Туневски, директорот на РЕК Битола, Зоран Коњановски, пратеничката Анета Стефановска и голем број стопанственици од градот.