Деновиве заврши првата фаза од изградбата на резервоарот за вода во с.Острец. Со инвестиција од Бирото за недоволно развиени подрачја во висина од 860 000 денари се завршија земјено и армирачко-бетонските работи на резервоарот со запремнина од 40 м3 .Втората фаза предвидува поставување на хидро-механичката опрема во резервоарот по што ќе следи искпот и поставување на водоснабдителната мрежа.