НОВ СПОРТСКИ ТЕРЕН ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

НОВ СПОРТСКИ ТЕРЕН ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

 

По иницијатива на Месната заедница од с. Долно Оризари и Локалната самоуправа се изгради нов спортски центар во ова село. Спортскиот терен е со површина од 1250 метри квадратни и содржи игралиште за ракомет и мал фудбал. Општина Битола во овој проект инвестираше околу шестотини илјади денари, а изведувач на работите беше ГП “Гранит” – Битола. Изградбата на ваков спортски терен наиде на големо одобрување од страна на локалното население, особено затоа што во Долно Оризари живеат над 500 младинци кои добија услови да спортуваат во својата населба. Теренот го носи името на загинатиот бранител од ова село Бошко Најдовски.
Спортскиот центар е доказ дека понекогаш и со мала инвестиција можат да се решат потребите на голем број луѓе, во случајов најмногу за младите од Долно Оризари – изјави Градоначалникот Талески при отворањето на спортскиот центар.