Избор на идејно решение за грб и знаме на Општина Битола

Избор на идејно решение за грб и знаме на Општина Битола

 
     Согласно одлуката на Советот на Општината  беше распишан конкурс за идејно решение на грб и знаме на Општина Битола на кој пристигнаа 28 трудови. Посебната Комисија за спроведување на постапката за утврдување на грб и знаме чиј претседател е г.Зоран Коњановски и  во која членуваат претставници од сите политички партии и истакнати битолски уметници и историчари едногласно избра идејно решение кое ќе биде предложено на Седница на Советот на Општината. При разгледувањето и изборот на предлогот присуствуваше и Градоначалникот на Битола г.Владимир Талески.

<br>