Посета на нашиот град од амбасадорот на Руската Федерација на РМ неговата екселенција г-дин Агарон Асатур. Оствари средба со Градоначалникот Талески и беше разговарано за збратимувањето на Битола со еден руски град како и за стопанската соработка. Лук -оил наскоро треба да отвори 3 бензински пумпи за што општината треба да се погрижи за наогање на погодни локации. Исто така се разговараше за соработката со ,,Мос-филм” на локалната самоуправа како и за отварањето на оддел на Славјанскиот универзитет за уметност.