На ден 15.08.2005 год во салата за состаноци на општината Битола се одржа јавна расправа за одредување на редоследот на реализација на претходно аплицираните 11 проекти во УСАИД Фондот за добро и општинско управување. Расправата привлече голем интерес и на неа присуствуваа претставници од месните заедници, НВО, медиумите и сите заинтересирани граѓани.
На расправата беше одлучено да се започне со проектот „Оградување на зелените површини во градот“ кој треба да започне од септември. После неговата реализација ќе стартува второ рангираниот проект „Реконструкција на градската фонтана – Скирол фонтана“.