80 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТЕВАН НАУМОВ СТИВ

80 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТЕВАН НАУМОВ СТИВ

Со полагање цвеќе пред споменикот на народниот херој Стеван Наумов Стив, кај Офицерскиот дом, денес се одбележаа 80 години од неговото загинување.

Во името на општина Битола, цвеќе положија заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и делегација на Советот на општина Битола, како и претставници на општинската организација на Сојузот на борци, ученици и претставници од ОУ „Стив Наумов“ и членови на семејството на народниот херој.

Дел од учениците се претставија со свои рецитали, посветени на Стив Наумов и неговата желба за ослободување на Македонија.

Стив Наумов, на 22 годишна возраст, на 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски.