Со јасно поставени цели од страна на Здружението на пензионери од Битола и со подадената поддршка од страна на Општина Битола, оваа организација, која брои над 16.000 членови, денес одбележа 73 години од постоењето.
На свеченоста, на присутните членови на Здружението на пензионери од Битола, во присуство на нивните гости од Врање, Република Србија, им се обрати градоначалничката Наташа Петровска, посакувајќи им заеднички да дочекаат и 100 годишен јубилеј.
„Ве поканувам си те Вас, на Вашите состаноци кои што ги имавте и ги имате во овој период, бидејќи се подготвува годишната програма за работа на Општина Битола за 2020 година, со свои идеи и со свои предлози да се вклопите во рамките на тие програми затоа што веќе покажавме дека како општина сме отворени за соработка со Вас“, истакна Петровска.
На присутните пензионери им се обрати претседателот на Здружението Томе Димитровски, како и претседателката на Сојузот на здружението на пензионери Станка Трајкова.