71 ГОДИНА ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ

71 ГОДИНА ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ

По повод 71 годишнината од бегството на политичките затвореници од бугарскиот фашистички затвор кај „Црн Мост“ свежи цвеќиња на споменикот и спомен плочите положија градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, општинскиот одбор на сојузот на борците од Битола и други организации.
„Ова е многу значаен ден. Убаво е денешните и идните генерации, секогаш да го паметат ова како една многу значајна и важна поука во иднината, бидејќи тоа е еден дел, една слика, едно парче од големата слика на Македонија и денешна Република Македонија како самостојна и независна која што укажува на континуитет децениски и вековен континуитет на македонскиот народ.“ истакна градоначалникот Талески.

PolitickiZatvorenici71_2015_1 PolitickiZatvorenici71_2015_2 PolitickiZatvorenici71_2015_3 PolitickiZatvorenici71_2015_4 PolitickiZatvorenici71_2015_5