На денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола, која се одржа по електронски пат, со едногласна одлука на советниците, беше изгласана Одлуката за давање на донација на финансиски средства на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, потребни за ставање во функција на Микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на КОВИД-19 во насока на ефикасно, ефективно и навремено детектирање на пациентите со корона вирус.
Средствата кои што ги одвојува Општина Битола за оваа лабораторија се во висина од 600.000 денари (10.000 евра).