37 ИЗДАНИЕ НА ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

37 ИЗДАНИЕ НА ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

Со проекција на филмот „Ослободувањето на Скопје“, кој ги воодушеви присутните во преполната сала на Центарот за култура, во Битола беше отворено 37. издание на интернационалниот фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.
Филмот „Ослободувањето на Скопје“ кој е македонско – хрватско-финска продукција е снимен на познати локации во центарот на Битола и во Офицерскиот дом, а истиот е во режија на Раде Шербеџија.
Свеченото отворање помина и во знакот на доделувањето на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на австралискиот кинемоатографер, оскаровецот Џон Сил.
На сцената беше прочитано и писмото од Холанѓанецот Роби Милер, исто така добитник на „Златна камера 300“ за животно дело.
Покровител на фестивалот е Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, а исто како и изминатите години и овогодинешното 37 издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се реализира со финансиска поддршка од Општина Битола.
До 17 септември на фестивалот „Браќа Манаки“ ќе бидат прикажани 105 филмови од 50 земји во светот.

crven-tepih-m02 crven-tepih-m24 img_1826-large img_1844-large