ОПШТИНА БИТОЛА СО ПОДДРШКА ЗА СОЈУЗОТ НА ДИЈАБЕТИЧАРИ

ОПШТИНА БИТОЛА СО ПОДДРШКА ЗА СОЈУЗОТ НА ДИЈАБЕТИЧАРИ

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска присуствуваше на регионалната едукативна работилница „Семејството и дијабетесот”, во организација на Сојузот на дијабетичари на Република Северна Македонија.

Регионалната работилница опфати членови од Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Ресен.

Градоначалничката Петровска истакна дека општината и натаму ќе ги поддржува активностите на ова здружение, особено во едукативниот дел, кој е значаен за лицата со оваа состојба.