Од 17 до 21 август во дворот на црквата „Св.Великомаченик Димитриј“ – Битола, со почеток од 9 до 12 часот, битолскиот копаничар Јане Крстевски за љубителите на резбата и копаничарството ќе одржи дневни работилници на тема: Работилница и презентација на резба.
Јане Крстески е самостоен уметник – копаничар, статус кој му го додели Министерството за култура на РМ, по препорака на МПЦ. Со оваа дејност се занимава 23 години, чекорејќи по патот на својот татко Злате Крстески, познат копаничар, протомајстор и претседател на Здружението на копаничари на Македонија.
Крстески најчесто изработува иконостаси, црковен мебел, ентериери, а често изработува дела и по порачка. Во своето повеќегодишно искуство, Крстевски се има претставено со 12 самостојни изложби, 50 групни изложби во земјата и странство и 12 копаничарски колонии.
По повод 20 години од независноста на Македонија, Крстевски го изработи кофчегот во кој беше пренесена Декларацијата за независноста на Македонија.
Презентацијата и работилницата за копаничарство и резба е дел од програмата на БИТ ФЕСТ 2015 во покровителство на Општина Битола.
Јане Крстески зазема значајно место на македонската копаничарска сцена.