15 ГОДИНИ СЛОВЕНЕЧКО ЗДРУЖЕНИЕ „ТРИГЛАВ“ ВО БИТОЛА

15 ГОДИНИ СЛОВЕНЕЧКО ЗДРУЖЕНИЕ „ТРИГЛАВ“ ВО БИТОЛА

Во присуство на амбасадорот на Република Словенија во земјава, Н.Е Милан Предан и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, синоќа во Офицерскиот дом беше одбележана 15 годишнината од постоењето на Словенечкото здружение „Триглав“ од Битола.
Обраќајќи се пред присутните, амбасадорот истакна дека здружението со своето постоење придонесува за ширење на словенечката култура, а истото помага и за запишување на голем број средношколци од Битола на факултетите во Словенија.
Богатата културно уметничка програма, на која во првиот дел настапија нашите познати музичари Марија Вршкова на пијано и Владимир Костов на виолина, а во вториот дел хорот при Словенечкото здружение „Триглав“ надополнети со пратечки инструменти на пијано, виолина, хармоника, контрабас и кахон на професори од Музичкото училиште, ја воодушеви присутната публика во концертната сала на Офицерскиот дом.