На денешен ден пред 14 години кај Вејце, нашите бранители, синови македонски, го положија својот живот за слободата на Македонија, и за зачувување на суверенитетот и интегритетот на нашата држава.
По тој повод беше положено свежо цвеќе на Споменикот пред СВР Битола, Споменикот АНГЕЛ на бранителите во градскиот парк и на Споменикот на Бошко Најдовски во с. Долно Оризари. Овој ден засекогаш ќе остане врежан во нашите сеќавања, а нивните имиња врежани во нашите срца и со златни букви испишани во историјата на нашиот град.
НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА!