ОДБЕЛЕЖАНИ 107 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ

ОДБЕЛЕЖАНИ 107 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ

 

На Светонеделските гробишта во Битола, каде што се наоѓа вечното почивалиште на Александар Турунџев беа одбележани 107 години од загинувањето на оваа значајна личност со голем придонес за целиот регион.
На гробот на големиот револуционер свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, Претседателот на Советот и советниците од Советот на Општина Битола, како и членовите на семејството на Турунџев.