100 ТАБЛЕТ – КОМПЈУТЕРИ ОД ТЕТОВСКАТА КОМПАНИЈА „ЕКОЛОГ“ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНА БИТОЛА

100 ТАБЛЕТ – КОМПЈУТЕРИ ОД ТЕТОВСКАТА КОМПАНИЈА „ЕКОЛОГ“ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНА БИТОЛА

Сто ученици од материјално необезбедени семејства во Општина Битола, кои поради недостаток од дигитална опрема, во услови на пандемија од корона вирусот, не се во можност редовно да ја следат онлајн наставата, ќе добијат таблет – компјутери за непречено учење. Донацијата која и беше доставена на Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, ја обезбеди семејството Дестани, преку компанијата „Еколог – Интернешнл“, покажувајќи ја на овој начин својата општествена одговорност и грижата за најмладите, кои се иднината на нашата држава.

Градоначалничката Петровска, изрази голема благодарност за ваквото хумано делување, со кое на учениците им се помага во нивното непречено совладување на знаењата и континуирано градење на сопствениот напредок во онлајн наставата. Дополнителен мотив за учениците, претставува и секое писмо во кое компанијата мотивирачки се обраќа до секој ученик на кој ќе му биде доставен таблетот.

„Оваа донација е наменета за учениците кои останаа надвор од образовниот процес, заради недостаток на дигитални уреди. Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на „Ковид-19“, е да се осигураме дека иднината на оваа земја, децата, ќе продолжуват со наставата без пречки“, вели филантропот Лазим Дестани.

Компанијата „Еколог“, донира неколку илјади таблет – компјутери, во повеќе општини во државата, а во иднина најавуваат продолжување на активностите насочени кон воздигнување на  вредностите, како и целите за одржлив развој на нашето општество во сите области.