Општина Битола годинава целосно застана зад реализацијата на 10-тото јубилејно издание на манифестацијата „Незаборав“, посветено на Драган Каранфиловски Бојс. На прес конференцијата која се одржа во салата на Советот на Општина Битола, беше нагласено декза за прв пат од почетокот на реализација на овој проект, формата е само електронска, поради состојбата со КОВИД-19.
„Поради корона мерките неместо како досега кога имаше издание во живо во големата сала на Центарот за култура во Битола, сега имаме видео приказна за Драган Каранфиловски – Бојс кој иако не е роден во Битола, оставил голема музичка трага во Битола. Сакав 10-тото издание да биде посебно, но поради состојбата со корона вирусот, навистина имаме посебно издание, на екран“, рече продуцентот Панде Димитровски.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска истакнадека оваа манифестација е многу значајна за градот Битола, бидејќи се негуваат вредностите кои што овој град ги дава, особено во областа на музиката.
„Факт е дека Битола отсекогаш била ризница за културното живеење не само за градот, туку и за целата држава. Аманетот е дека во оваа насока треба да продолжиме, бидејќи тоа е нешто што ги остава трагите и белезите за луѓето кои нешто направиле, а нам ни овоможува да даемен свој придонес во подигнувањето на овие вредности, по кои што се разликуваме и сме специфични. Битола културно живее низ вековните катадневно. Честитки до продуцентот, но ова е обврска за сите нас да размислиме во кои форми ќе продолжи оваа манифестација, за да го извлечеме максимумот за вредностите кои што треба да ги знаат и нашите млади генерации, бидејќи само така се сочувуваат корените и само така може да имате перспективна иднина“, посочи Петровска.
Сценаристот Силвана Петровска – Насух рече дека во проектот „Незаборав“ е вклучена седум години, а ова и едно од омилените изданија, која го работела со големо задоволство.
Манифестацијата „Незаборав“ е посветена на музичките имиња од Битола, кои оставиле огромен белег во македонската музика, сеедно дали станува збор за пеачи, композитори, текстописци, аранжери итн. Досега „Незаборав“ како проект, отстапил простор да не се заборават големи имиња, како Сашка Пековска, Добри Ставрески, Битолските конзули, Гоце Николоски, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), минатата година со песни од битолчани испеани на фестивалот Валандово итн.