Подобрување на условите во институциите, збогатување на воспитно – образовниот процес со наставни помагала и нагледни средства, но и грижа за оние на кои истата им е најнеопходна, се само дел од целите кои се реализираат преку донации и други активности насочени кон напредок на животот во општината. Во оваа насока е и денешната донација на ЈП Водовод во соработка со Друштвото за трговија и услуги „Џамбо Пет“и Општина Битола. „Денес сме во Кукуречани. Ќе посетиме и други три локации, а тоа ќе бидат: Клиничката болница, детска градинка и едно социјално семејство. Во склоп на оваа донација ЈКП Водовод, кое работи во интерес на граѓаните, издвојува средства кои ги донира за граѓаните, помага и на здруженија и на поединци. Денес, во соработка со приватната компанија „Џамбо Пет“ која изрази желба да донираме заедно четири ТВ уреди сме тука и заедно со Општина Битола, одлучивме, бидејќи тие најдобро ги знаат проблемите на сите во градот Битола, одлучивме заедно да ја поделиме оваа донација“, изјави Горан Козаров, директор на ЈП Водовод – Битола. Денешната донација претставува уште еден поттик за активно вклучување во вакви активности на сите општествено одговорни субјекти. „Посебно ми е задоволство кога се наоѓам во вакви средини, каде што се младите. Отсекогаш сум говорела и ценам дека тоа треба да биде политика на локалната самоуправа, да вложува во младите и во условите во кои тие се едуцираат. Денес, донираме една карта и телевизор во ова училиште, со што всушност сакаме да ги подобриме условите и да покажеме дека оваа е насоката во која треба да се движиме во следниот период. Очекувам, дека ваквата денешна иницијатива нема да биде само импулс повеќе за општината како треба да работи, туку и за сите стопанственици, кои треба да се вклучат во оплеменувањето на условите на нашата иднина, односно на генерацијата која ќе ја создава таа иднина“, изјави м-р Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола. Денешната посета на местата во кои се распоредуваа донациите, започна од ЦОУ Александар Турунџев во село Кукуречани, а директорката на училиштето Бранка Лазаревска и учениците кои со топол поздрав ги пречекаа донаторите, изразија голема благодарност за донацијата.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор