ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА ДОГОВОРИЈА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА АМБАСАДАТА И ОПШТИНАТА

ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА ДОГОВОРИЈА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА АМБАСАДАТА И ОПШТИНАТА

Новиот амбасадор на Јапонија во Македонија, Н.Е Казуја Оцука, денес ја посети општина Битола, каде имаше работна средба со градоначалникот, Тони Коњановски. На средбата, градоначалникот Коњановски, го запозна амбасадорот со начинот на делување на локалната самоуправа и насоченоста кон подобрување на инфраструктурните и економските услови во општината. Во овој контекст беше потенцирана потребата за  изградба на пречистителни станици и други проекти кои би можеле да бидат поддржани од GGP програмата за мали грантови на јапонската амбасада.

Исто така, Коњановски нагласи дека, како град во кој посебно се вреднуваат културното наследство и историските вредности, општина Битола, става посебен акцент во организација и поддршка на културни настани, како што е и вечерашниот настан на отворање на двете најголеми светски детски манифестации – 42 издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и 41 Светска детска ликовна изложба „Битола“.

Градоначалникот Коњановски и Амбасадорот Оцука, договорија продолжување на воспоставената соработка, како можност за реализација на проекти кои се од интерес на општина Битола, а можат да се реализираат со поддршка од Јапонската амбасада.