ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПАРКИНЗИ ЗАПОЧНА СО БЕЛЕЖЕЊЕТО НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО БИТОЛА

ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПАРКИНЗИ ЗАПОЧНА СО БЕЛЕЖЕЊЕТО НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО БИТОЛА

Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола – ЈППЈЛП Битола деновиве врши бележење на пешачките премини во градот.

За разлика од претходно, придобивките за граѓаните и општината, во однос на преземањето на активноста од страна на ова јавно претпријатие се неколкукратни. Бележењата започнуваат во раните утрински часови, поточно околу 3 часот во централното градско подрачје, а активностите на терен до 10 часот наутро продолжуваат во периферните населби. На овој начин, на граѓаните им се овозможува непречено движење во сообраќајот, особено на фреквентните улици во текот на денот. Воедно, за иста сума како и досега, ќе се пристапува потемелно, а за било каква интервенција на терен, ќе може веднаш да се делува.

Градоначалничката на Општина Битола и соодветен стручен тим направија увид на една од локациите каде што се врши бележењето и при тоа е истакнато дека се задоволни од ажурноста и квалитетот на изведба.

Директорот на ЈППЈЛП Зоран Дојчиновски посочи дека активностите започнаа од централното градско подрачје, како и на дел од периферните градски улици, а во наредниот период континуирано ќе се врши бележење на сите постоечки пешачки премини.

На последната седница на Советот на Општина Битола беше донесена Одлука  за склучување договор со ЈППЈЛП за реализирање на програмата донесена од Совет на Општина Битола за одржување на комунални објекти и инсталации, локални патишта и улици во Општина Битола за 2020 година, во делот на одржување на хоризонтална сигнализација.