Денес, 05.03.2021г (петок), со почеток во 11 часот, во салата на Советот на Општина Битола, ќе се одржи Јавната Презентација за ЛУПД за формирање на градежна парцела со намена В2-прифатилиште за кучиња на дел од КП бр. 25/1, КО Битола 5.
Границата на ЛУПД за формирање на градежна парцела со намена В2-прифатилиште за кучиња на дел од КП бр. 25/1, КО Битола 5, Општина Битола е дефинирaна согласно графичкиот прилог и има површина од 1.3ха.
Графичкиот прилог од ЛУПД за формирање на градежната парцела, ќе биде изложен во информацискиот систем за е-урбанизам, на огласна табла во просториите на Општина Битола почнувајќи од 05.03.2021 год. и на веб страната на Општина Битола www.bitola.gov.mk во панелот за јавна презентација и јавна анкета. Јавната анкета ќе трае 8 работни денови, заклучно со 16.03.2021 година.
Во одредениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со ЛУПД, можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетни листови, во писмена форма, кои можат да се подигнат од шалтерите на Општина Битола или во електронска форма преку информацискиот систем за е-урбанизам.