Младите литерати во НУУБ „Св.Климент Охридски“
Во читалната на градската библиотека во Битола „Св.Климент Охридски“, во реализација на школата за млади литерати „Златно перо“ се одржа работилница со слоган ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ, ЗНАЈ ПОВЕЌЕ, БИДИ ПОВЕЌЕ.
Работилницата беше поделена во општ и практичен теоретски дел со интерактивен пристап, кадешто активно учество зедеоа 15 деца на возраст од 10 до 14 години.
На работилницата беа споменати сите форми и поделби на прозни и поетски текстови, почетоците на детската поезија, анализа на прозни и поетски текстови, беа истакнати тајните на ораторството, а исто така се напиша и химната на школата на тема: ДЕТСКИ СВЕТ
Школата се реализира во рамки на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2015.