ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Македонскиот народ, денес го одбележува 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во знак на почит на овој значаен ден од македонската историја, пред споменикот на Даме Груев во Битола, свежо цвеќе положија пратеничката Силвана Ангелевска, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општина Битола, Сојузот на борци, како и претставници на политички партии, организации и граѓани.

„Поклон до земја за основачите кои во 1893 година во Солун ја основале Македонската револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет“, рече заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, честитајќи го денешниот празник.

Историската борба на македонските револуционери, продолжува да биде наш пример и обврска во денешнината, за гордо и истрајно чекорење напред, кон храбро надминување на предизвиците и создавање подобра иднина за генерациите кои доаѓаат.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА!