По повод големиот македонски празник 11 Октомври кој е симбол на македонската борба за слобода, денес градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Општинскиот сојуз на борци и политичките партии положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатите борци на НОАВМ пред Центарот за култура, оддавајки им почит на сите народни херои кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија.
Во својата честитка по повод денешниот празник, градоначалникот Коњановски, порача дека и денес, сите граѓани на Македонија, мора да ја продолжиме вековната заложба за напредок на државата:
„Денес се потсетуваме на еден значаен датум од нашата историја, кога, пред 83 години нашите предци го кренаа востанието за ослободување на Македонија од тогашните окупатори. Со голема почит кон нивното дело, сите ние мора да продолжиме да се бориме за непредок и економски просперитет на Македонија, создавајќи подобри услови за сегашните и идните генерации. НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 11 Октомври!“, се вели во честитката од градоначалникот Коњановски.