ЧЕСТИТ ОСМИ МАРТ

ЧЕСТИТ ОСМИ МАРТ

Женските здруженија и невладините организации, предводени од жени во Битола, денеска имаа средба со градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески. Честитајќи им го меѓународниот ден на жената осми март, градоначалникот на општина Битола им се заблагодари за досегашната успешна соработка, нагласувајќи дека постигнатите резултати треба да претставуваат понатамошен стимул за уште поголемите успеси кои ќе следуваат, а дел од нив беа најавени и на денешната средба.
„ Благодарам на општина Битола и на градоначалникот на општина Битола, од мое име и од името на сите членки на невладините организации женски, кои што делуваат во нашиот град, што еве и денес, и оваа година го испочитувавме сите денот и се подсетивме дека постои тој како ден, токму затоа што многу често во последниве години кажувам дека 21 век е век на жените затоа што се освестивме не се еманципиравме, бидејќи еманципацијата ја имаме во себе си ја пронајдовме уште во минатиот век, а во овој век ќе се потрудиме да работиме за општото добро на нашата нација, држава на нашето општество “, изјави Светлана Петковска, претседател на Организација на жени Битола.
Градоначалникот Талески, испрати честитка до сите жени, притоа нагласувајќи дека жената заслужува посебно внимание во текот на целата година, затоа што нејзината улога е од огромно значење за целокупното општествено живеење.
,, Ја користам оваа прилика да им го честитам осми март денот на жената, на сите жени во нашата општина, во Република Македонија па и насекаде во светот со една голема желба за добро здравје, радост, успех на семеен, личен и на професионален план, со надеж дека 21 век навистина ќе биде светот на жените со што ние машките повеќе ќе уживаме во сето она што следува во наредните години “, истакна градоначалникот Владимир Талески.

 

Mart8-2016-1 Mart8-2016-2 Mart8-2016-3 Mart8-2016-4